Судот во Колмар утре ќе одлучува за екстрадиција на Харадинај

од desk2

Апелацискиот суд во францускиот град Колмар утре ќе ја соопшти одлуката по барањето на Србија за екстрадиција на поранешниот коосвски премиер Рамуш Харадинај, поради сомневање дека извршил воени злосторства во Косово, јави ТАНЈУГ.

Седницата на истражното одделение на Судот ќе биде отворена за јавност.

Апелацискиот суд во Колмар има три опции во своето одлучување: може да побара прибавување дополнителни информации и понатамошно разгледување на случајот на следна седница, може да даде позитивно мислење по барањето на Србија или да го одбие.

Ако Судот даде негативно мислење по барањето на Србија, Харадинај ќе биде слободен да ја напушти Франција, а Белград ќе нема право на жалба на одлуката.

Доколку Апелацискиот суд утврди дека се исполнети условите за екстрадиција на Харадинај, конечната одлука за негово испорачување на Србија ќе треба да ја донесе француската Влада.

Хашкиот трибунал во 2012 година правосилно го ослободи Харадинај од сите обвиненија. Истрагата против него е покрената во 2004 година, а во јануари е проширена со нови обвиненија и нови докази, што се проследени до судот во Колмар.

Слични содржини