Судот во Колорадо го исклучи Трамп од изборната трка во 2024 година

од Stefanija Kuzmanovska
231 прегледи

Во вторникот, Врховниот суд на американската сојузна држава Колорадо го прогласи поранешниот американски претседател Доналд Трамп за неподобен за Белата куќа врз основа на стара и ретко користена одредба од американскиот Устав со која се забранува учество на бунтовниците во власта и ја забрани можноста да се во таа држава за време на претседателските избори во 2024 година воопшто да се гласа за Трамп, доколку тој биде кандидат.

Тоа води до веројатна пресметка на правниците во Врховниот суд на САД, кои ќе треба да одлучат дали Трамп, како фаворит за номинација на Републиканската партија, може да остане во трката.

Одлуката на судот, чиишто судии беа именувани од демократски гувернери, е прва во историјата Делот 3.14. од амандманот на Уставот на САД се користи за дисквалификување на претседателски кандидат.

Така одлучи највисокиот суд во Колорадо, поништувајќи ја пресудата на судијата на окружниот суд, кој иако утврди дека Трамп поттикнал бунт со неговата улога во нападот на Капитол во Вашингтон на 6 јануари 2021 година, рече дека не може да му биде забрането да учествува во изборите бидејќи не е јасно дали одредбата од Уставот на САД се однесува и на претседателот.

„Не ја донесовме нашата одлука лесно“, напишаа судиите на Врховниот суд во Колорадо. „Свесни сме за големината и тежината на прашањата пред нас. Свесни сме и за нашата свечена должност да го применуваме законот без страв и наклоност и без оглед на неговиот ефект врз реакцијата на јавноста на одлуките што законот ги бара да ги донесеме“.

Адвокатите на Трамп ветија дека веднаш ќе вложат жалба до Врховниот суд на САД, кој го има последниот збор за уставните прашања. Кампањата на Трамп, исто така, соопшти дека работи на одговор на пресудата.

Во 2020 година, Трамп загуби во Колорадо за 13 процентни поени и нема да му биде потребна таа држава за да победи на следните претседателски избори во 2024 година.

Слични содржини