Судска постапка против 52 чувара за претепување затвореници во Италија (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Снимката на која италијанските затворски чувари ги тепаат затворениците со палки и тупаници по минатогодишните протести во врска со пандемијата на коронавирус ја шокираше Италија, но и ја налути министерката за правда на земјата.

Претепувањето се случило на 6 април 2020 година, во затворот „Santa Maria Capua Vetere“, северно од Неапол, а снимката од видео надзорот ја објави во средата весникот „Домани“.

Министерката за правда, Марта Картабија, рече дека со тоа „се нарушува достоинството на затворениците, но и униформата што секој вработен во затворот, маж и жена, треба да ја носи со гордост“ и побара темелна анализа на настаните.

Државното обвинителство минатата година започна истрага откако беа поднесени тужби за насилство од затворските стражари ден по протестот, што беше поттикнато од информациите за позитивен случај на ковид-19 меѓу затворениците.

Оваа недела беа уапсени 52 вработени во затворот или беа известени за судска постапка против нив под сомнение за тортура, насилство и злоупотреба на моќ. Истрагата опфати повеќе од 110 лица.

Видеото, кое трае нешто повеќе од шест минути и е направено од снимки од надзорните камери поставени во ходниците и на скалите на институцијата, покажува десетици чувари, од кои многумина имаат кациги и штитови, како безмилосно тепаат затвореници.

Овие се обидуваат да се заштитат со прескокнување на кордон чувари кои со нозете и палките ги тепале по главата. Некои лазат и се гледа дека имаат болка.

Еден затвореник во инвалидска количка бил удрен во грбот и чуварите тепале најмалку тројца мажи додека лежеле на земја.

Од СМС-пораките што ги разменуваат чуварите, може да се види дека акцијата во која учествувале повеќе од 280 припадници на затворската полиција била планирана и замислена како одмазда.

Слични содржини