Сунак: Не можеме со сигурност да кажеме дали Русија ја уништи браната во Украина

од Vladimir Zorba

Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека Лондон се уште не може да каже дали Русија е одговорна за уништувањето на браната Нова Каховка на југот на Украина.

„Не можам да го кажам тоа дефинитивно. Нашите разузнавачки и воени служби работат на тоа“, рече Сунак, одговарајќи на новинарско прашање, пренесува Ројтерс.

Тој посочи дека доколку се докаже дека браната е намерно урната, тоа ќе биде „ново дно“.

Слични содржини