Компанијата Walt Disney денеска изнесе план за проширување на парискиот парк Дизниленд вреден две милијарди евра. Планирано е да бидат воведени и суперхероите на Marvel.

Планот за проширување, кој ќе започне да се спроведува од 2021 година, беше соопштен после состанок одржан меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и директорот на компанијата Walt Disney, Роберт Ајгер.
Компанијата соопшти дека во паркот ќе бидат додадени три нови подрачја, кои ќе се однесуваат само на суперхеои, односно „Замрзнато царство“ и „Војна на ѕвездите“, како и „нови атракции и забавни искуства во живо.

Ајгер изјави дека проширувањето „ќе донесе повеќе сакани ликови, како и ненадминатите приказни за создавање на нови земји, атракции и забави кои уште повеќе го подобруваат искуството на посетителите и ја зголемуваат шансата за туризам во регионот“.