Суперлига: МЗТ ја совлада Блокотехна и се искачи на второто место

од Vladimir Zorba

Во дербито на колото од домашното кошаркарско првенство, МЗТ Скопје славеше победа против Блокотехна со 87-73 (40-36).

Домаќинот со подобра игра во вториот дел стигна до посакуваната победа и ги израдува своите фанови.

Најдобар кај победниците беше Синовец со 22 поени, додека Крафорд заврши со 21 поен, а двоцифрен беше и Трајковски со 11 поени. Кај Блокотехна, Двејн заврши со 26 поени, Мијатовиќ даде 16 поени, а Казарновски застана на 10 поени.

Тимот од Аеродром по овој меч се искачија на второто место на табелата во Суперлигата. Работнички е неприкосновен лидер во првенството.

Во наредното коло актуелниот шампион ќе гостува кај Гостивар, додека Блокотехна ќе бара враќање на победите како домаќин против АВ Охрид

Слични содржини