Светски ден на чоколадото: Како омилениот десерт влијае на здравјето?

од Stefanija Kuzmanovska

Во светот денеска се одбележува Светскиот ден на чоколадото, омилениот десерт на многумина.

Оваа мешавина од какао и шеќер со или без адитиви го подобрува расположението на луѓето веќе неколку илјади години, имајќи предвид дека го поттикнува лачењето на серотонин (хормонот на среќата), а може да биде и многу корисна за здравјето.

Научниците долго време го истражуваат влијанието на оваа намирница врз здравјето на луѓето.

Едно од нив, спроведен во САД, покажува дека чоколадото помага во одржување на здрави срцеви садови. Во минатото, клиничките истражувања открија дека чоколадото е корисно и за крвниот притисок и за крвните садови.

Експертите веруваат дека консумирањето чоколадо барем еднаш неделно го намалува ризикот од коронарна артериска болест за осум отсто во споредба со оние кои консумираат чоколадо на подолги интервали.

Чоколадото содржи хранливи материи како флаваноиди, метилксантини, полифеноли и стеаринска киселина, кои можат да го намалат воспалението и да го зголемат добриот холестерол.

Слични содржини