Светски познат физичар тврди дека „има доказ дека Бог постои“

од desk2
173 прегледи

Кога светски познатиот теоретски физичар Мичио Каку за првпат објави дека пронашол докази за постоењето на Бог, неговите тврдења предизвикаа еден куп реакции кај светската научна фела.

Мичио Каку го изненади новинарот кој го интервјуираше со одговорот на прашањето за значењето на животот и Бог, велејќи дека најдобрите физичари на светот веруваат во Бог поради начинот на кој е дизајниран нашиот универзум.

„Нашиот универзум е дизајниран на посебен начин. Тоа е универзум на ред, убавина, елеганција и едноставност. Верувам дека живееме во свет направен од правила креирани од некаква интелигенција“, изјави Каку.

Тој додаде и дека на светот не постои такво нешто како „шанса“, туку дека целиот свет во кој постоиме е дел од големиот план кој работи според правила кои се креирани, оформени од универзална интелигенција, а не склоп на околности.

„Каку, еден од креаторите и развивачите на револуционерната Теорија на струните (жиците), дојде до неговите заклучоци преку т.н. ‘примитивни семи-радиусни тахиони’, кои се теоретски честици кои ја имаат моќта да ја ‘одлепат’ материјата или просторот на вакуум помеѓу честиците, оставајќи го универзумот независен и ослободен од влијанието на неговата околина“, пишува Western Journal за него.

Физичарот верува дека Бог е суштество кое по многу параметри потсетува на математичар – нешто во што веруваше и Алберт Ајнштајн.

Оваа идеја не е нова за Мичио Каку. Во статија за Big Think, тој напиша дека неговата Теорија на струните е базирана на идејата дека ние „го читаме умот на Бога“. Пред неколку години тој ја објасни неговата теорија пред камера.