СЗО конечно се изјасни во врска со ибупрофенот и ковид-19

од Elena Daskalova
408 прегледи

По повеќето наводи дека ибупрофенот е штетен за заразените со коронавирус и дека ги влошува симптомите на болеста ковид-19, СЗО излезе со официјален став по оваа тема.

Во твит објавен на официјалниот профил на СЗО на Твитер тие наведуваат:

– СЗО не препорачува престанок на употреба на лекот.

– СЗО е во постојана комуникација со лекарите кои ги лечат заболените и освен познатите нуспојави кај одредена популација пациенти, досега не се забележани никакви негативни ефекти.

Нивната изјава дојде по соопштението на Европската агенција за лекови, кои потврдија дека моментално нема индикации за влошување на симптоми на ковид-19 по употреба на ибупрофен. Нивното соопштение е достапно ТУКА, во кое велат и дека:

– При лечење на симптомите како што се температура и болки поради ковид-19, лекарите и здравствените работници треба да ги разгледаат сите расположливи опции, вклучително и парацетамол и нестероидни антиинфламаторни лекови.

– Во склад со насоките на ЕУ, конкретниот лек (ибупрофен) може да се користи според упатствата за дозирање и клиничката слика на пациентот.

– Во овој момент нема причина пациентите кои треба да го земаат овој лек да го прекинат, особено оние кои го користат како дел од терапијата за хронични заболувања.

Слични содржини