СЗО: Препораките за вакцинација против Ковид се прилагодени на новата фаза на пандемијата

од Vladimir Zorba

Светската здравствена организација издаде нови препораки за вакцинација против Ковид-19, прилагодени на новата фаза на пандемијата.

Во новите препораки на СЗО, се сугерира дека здравите деца и адолесценти не мора нужно да се ревакцинираат, но ревакцинацијата сепак се препорачува за постарите лица и лицата од високоризичните групи, шест до 12 месеци по последната вакцинација, пренесува Ројтерс.

СЗО посочува дека целта на новите препораки е да се фокусира кампањата за вакцинација на групи кои се изложени на најголема закана од тешки форми на инфекција со коронавирусот, со поголем ризик од смрт.

Слични содржини