СЗО: Смртноста од коронавирус во светот повторно се зголемува – тоа е загрижувачко

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО), Марија Ван Керхове изјави дека смртноста од коронавирус повторно се зголемува на глобално ниво.

Според неа, зголемувањето се должи на зголемениот број на заразени лица ширум светот. Зголемувањето на растот на пациентите делумно се должи на ширењето на варијанта која првпат се појави во Велика Британија и сега циркулира во многу други места, вклучително и во Источна Европа.

„Во последната недела, видовме мало зголемување на смртните случаи низ целиот свет, и ова можеше да се очекува поради зголемувањето на бројот на заразени лица. Тоа е загрижувачки знак“, рече таа.

Друг експерт на СЗО, Мајкл Рајан, рече дека секое ублажување на епидемиолошките мерки треба да вклучува строг надзор на инфекцијата и високо ниво на вакцинација. Тој додаде дека само вакцинацијата не е доволна.

Слични содржини