СЗО ЗА ПАНДЕМИЈАТА: Вакцината ќе ни даде значителна контрола над коронавирусот следната година

од Stefanija Kuzmanovska

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против короната треба да му даде на светот „значителна контрола над вирусот следната година“.

„Животот на кој сме навикнати пред пандемијата – мислам дека е многу, многу возможен повторно, но мора да продолжиме да одржуваме хигиена, физичко растојание. Вакцините не значат дека нема да имаме случаи на корона. Сепак, ставањето на вакцината во играта ќе ја сруши кривата, ќе завршат рестриктивни мерки и ќе ни даде контрола над болеста“, рече Рајан синоќа, објави „Ројтерс“.

Тој додаде дека е потребна свесност дека „треба да ги намалиме шансите короната да продолжи да се шири“.

„Јас советувам голема претпазливост за време на новогодишните празници“, додаде Рајан.

Слични содржини