Тачи: Завршување на дијалогот меѓу Србија и Косово со взаемно признавање

од Nikola Popovski

Косовскиот претседател Хашим Тачи рече дека директното учество на СоАД донесе нов импулс во дијалогот Србија и Косово и очекува брзо завршување на процесот, со взаемно признавање на Косово и Србија.

Во Белата куќа, Тачи се состана со српскиот претседател Александар Вучиќ, специјалниот претставник на Претседателството на САД за преговори меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел и советникот за национална безбедност на САД, Роберт О’Брајан, пренесува Бета.

„Им благодарам на американскиот претседател Доналд Трамп за поддршката на дијалогот меѓу Косово и Србија. Директниот ангажман на САД преку О’Брајан и Гренел донесе нов импулс во процесот и со нетрпение очекуваме да завршиме наскоро, со взаемно признавање”, рече Тачи на Твитер.

Дијалогот е важен за администрацијата на Трамп

Американскиот Национален совет за безбедност (NSC) објави на Твитер дека односите меѓу Србија и Косово се од големо значење за претседателската администрација на САД.

NSC, телото што го советува американскиот претседател за национална безбедност и надворешна политика, го објави ова со фотографија од средбата на Вучиќ, Тачи, Гренел и О’Брајан.

По состанокот, Вучиќ пред новинарите во Србија изјави дека имал нормален разговор со Тачи и дека Србија чека укинување на 100-процентните такси за увоз на стоки од Србија, воведени од косовските власти, така што дијалогот со Косово за суштински прашања може да продолжи.

Тачи за Радио Слободна Европа рече дека состанокот бил фер и конструктивен, „без ништо посебно“, додавајќи дека тие разговарале за „потребата за мирно решавање на прашањето Косово-Србија и можноста за постигнување конечен договор“.

На Фејсбук, Тачи напиша дека очекува „веднаш, во среда или четврток“, тој ќе може да го извести косовското собрание за состаноците во Вашингтон и особено за средбата со Вучиќ.

Слични содржини