Најмладиот светски шампион во бокс во тешка категорија, Мајк тајсон, откри интересен податок од својот живот.

Мајк Тајсон и неговата тогашна сопруга Робин Гивенс, имале приватна прошетка во њујоршката Зоолошка градина околу полноќ, по што големата боксерска ѕвезда подмитила еден од работниците во градината.
Кога шетале покрај кафезот со горили, Мајк и Робин забележале еден горила кој бил доминантен и ги тепал другите. Ова малку го погодило боксерот, па подмитил еден од вработените со 10.000 долари за да му го отвори кафезот и да го пушти внатре за да го истепа горилата.
„Го потплатив чуварот за јас и Робин да можеме сами да се шетаме. кога дојдовме до кафезот со горили, видовме еден голем како ги малтретира помалите. Знаете, тие суштества се многу мили, со ној невин поглед во очите. Тогаш на чуварот му понудив 10.000 долари само да ме пушти внатре за да го нокаутирам големиот, а тој одби“, откри Тајсон.
Мајк Тајсон инаку, е голем љубител на животни, позната е неговата љубов кон птиците, а и кон некои егзотични животни.