Талески: Го решаваме проблемот на тутунарите, се откупува вишокот произведен тутун

од Vladimir Zorba

„Владата предводена СДСМ, покажува и докажува дека интересите на тутунопроизводителите се врвен интерес на државата, дури и во услови на здравствена и економска криза. Се обврзавме и си стоиме на дадениот збор пред тутунарите, дека ќе им го решиме најгорливиот проблем, а тоа е целосен откуп на вишокот произведен тутун“, изјави денеска Миле Талески, пратеник на СДСМ.

„Во таа насока, на вчерашната седница Владата донесе заклучок, со кој му укажува на Тутунскиот комбинат Прилеп да откупи дополнителни 700 тони тутун од вишокот од годишната реколта.

Владата преку својот претставник во ова акционерско друштво, ќе иницира итна постапка за реализација на овој заклучок на собранието на акционери на Тутунски Комбинат Прилеп, а средствата ќе бидат обезбедни преку Ковид програмата“, додава Талески.

Слични содржини