Таравари ги повика премиерот и политичарите во заеднички ангажман за изнаоѓање решение за превозниците

од Nikola Popovski

Претседателот на Алијансата за Албанците (АА) Арбен Таравари денеска заедно со пратеникот Абдула Салиу ги посетија приватните превозници кои протестираат пред објектите на Град Скопје на булеварот „Илинденска“.

Откако ги изложија нивните проблеми и барања, посочува Таравари, превозниците ни се заблагодарија за средбата, нагласувајќи дека ние сме првите политичари кои ги посетивме и се солидаризиравме со нив.

-Во разговорот се обврзавме дека Алијансата за Албанците преку своите пратеници и на кој било друг институционален начин ќе се заложи да им излезе во пресрет на приватните превозници, а го повикав премиерот и другите политичари заедно да се ангажираме за изнаоѓање решение, информираат од АА.

Приватните превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ започнаа со блокада на главниот град на 28 ноември кога со околу 30 автобуси на раскрсницата кај Мавровка, односно булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“, побараа да им бидат исплатени долговите за да можат да почнат повторно со работа.

Возачите на автобусите на приватните превозници велат дека повеќе од 200 семејства се на раб на издржливост заради неисплатениот долг, додека во меѓувреме, градските власти ги отфрлуваат наводите дека им должат пари на компаниите.

Слични содржини