Таравари: Колку би биле среќни кога би имале повеќе личности како Курти во регионот

од Nikola Popovski

Градоначалникот на Гостивар и претседателски кандидат на албанската опозициска коалиција, Арбен Таравари изјавил дека косовскиот премиер Албин Курти има авторитет меѓу Албанците во Северна Македонија, пишува приштинска „Коха“.

„Курти се развива во премиер за пример во регионот. Тој несомнено има неоспорен авторитет во Македонија. Колку би биле среќни кога би имале повеќе такви личности во регионот, како што е Курти. Тој е инспирација за младите да видат малку надеж“, рекол Таравари.

Го споменал и премиерот на Албанија Еди Рама.

„Албанија и Косово несомнено имаат влијание во Македонија, а во политиката што ја водиме секогаш сме се консултирале со Приштина и Тирана. Постои одреден однос кој е неотуѓив и мислам дека треба да координирате некои работи. Не е дека Еди Рама не помогна на индиректен начин, тој секогаш го поддржуваше Ахмети на локалните избори“, кажал Таравари, пренесува „Косово онлајн“.

Слични содржини