Таравари: Ништо не е побитно во моментов отколку да се најдат 80 пратеници за уставни измени

од Vladimir Zorba

Лидерот на АА и градоначалник на Гостивар Арбер вечерва во интервју во емисијата Вин – вин на Телма ТВ изјави дека градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко треба барем од морални причини веднаш да поднесе оставка, откако беше ставен на црната листа од САД.

Но секогаш, вели Таравари, ДУИ изнаоѓа формулација со која се наоѓа начин на одржување на темата „ни долу, ни горе“.

Тој нагласи дека постојат повеќе лица за кои постојат сомневања и мислам, како што рече, црната листа на САД ќе продолжи, но повика да дадеме време, периодот пред нас да излезат сите имиња што ги најавува, рече, амбасадорката.

– Има чудни и интересни настани во ДУИ како никогаш досега во изминатите 20 години од нивното постоење, но тоа се нивни внатрешни работи. Неспорно е дека има внатрешна десинхронизација во ДУИ, но дали АА помогна или катализира тоа да се случи и тоа е дел од работите што треба убаво да се анализираат, изјави Таравари.

Потенцира дека овој период во фокусот се уставните промени, но оти следниот период без разлика дали ќе има или не 80 пратеници за овие измени за кои се надева дека ќе се изгласаат, следниот чекор е да се разговара за одржување на избори, кога би се одржале претседателски и парламентарни избори.

– Мислам дека на земјава не и треба луксуз за три месеци да има два пати избори и претседателски и парламентарни, без разлика дали парламентарните би биле предвремени во декември или ноември, или редовни во јуни или јули, а претседателски мора да има редовни, а тоа се крајот на март или почетокот на април. Јас мислам, се уште не сме разговарале со коалицискиот партнер, но и во партијата не сме ја отвориле оваа тема, меѓутоа рационално би било за државата што помалку трошоци да направи за избори. Не би био лошо да се размислува за опцијата втор круг за претседателски избори, да биде и датумот за одржување на предвремени парламентарни избори, што би биле предвремени само два до три месеци, предлага Таравари, лидер на АА.

Ништо не е битно, според него, освен да се најдат 80 или повеќе пратеници. Јас би сакал тоа да бидат 120 пратеници. По секоја цена треба да дадеме максимум, сите политичкии партии, рече Травари.

Слични содржини