Поранешниот телохранител на лидерот на “Ал Каеда” Осама бин Ладен – Абдел Малик Абдел Вахаб ел Рахаби е префрлен од Гвантанамо во притвор во Црна Гора.

Веста ја објавија локалните медиуми во Подгорица, кои се повикуваат на информации од Пентагон. Абдел Малик Абдел Вахаб ел Рахаби отслужил 14 години во затвор во Гвантанамо. Од Пентагон прецизираат дека ова е втор затвореник од Јемен, кој е префрлен во Црна Гора со цел “да започне да гради нов живот со сопругата и нејзината ќерка”.
Против него никогаш не е подигна обвинение и во 2014 година е пуштен од затвор, бидејќи “не претставува никаква опасност за САД”. Рахаби беше во Гвантанамо од 2002 година. Според податоците на Викиликс Рахаби бил телохранител и роднина на Осама бин Ладен. Тој беше уапсен во декември 2001 година.