Тенисерката Марија Шарапова гордо го покажа својот дом во Лос Анџелес и вели дека цело време била посветена на дизајнот и градбата.
Тениската ѕвезда вели дека била вклучена во секој детал во нејзината куќа , од почетокот на градбата , па се до последните детали во дизајнот. Толку била заинтересиран а, што по секој турнир одела веднаш или на градилиштето или во канцеларијата на архитектот.
Луксузната куќа има прекрасен поглед на океанот од Пало Верде до Малибу, особено од главната спална соба и бањата. Нејзината куќа на три ката се најде на насловната страница на магазинот Architectural Digest.
А во неа , освен вообичаените простории , има и кугларница , ноќен клуб , а во дворот има базен. 32- годишната Русинка вели дека сакала да го задржи минималистичкиот дизајн , инспирирана од јапонската архитектура.