ТЕПАЧКИ и СОЛЗАВЕЦ на меч од Копа Либертадорес: Фудбалерите на Бока приведени во полиција за насилство! (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Скандал во реваншот од осминафиналето на Копа Либертадорес помеѓу Бока јуниорс – Атлетико Минеиро.

Сè што можете да помислите – тоа се случи. Играчите на Бока и првите луѓе на Атлетико Минеиро се судрија, полицијата и припадниците на обезбедувањето учествуваа во судирот, солзавец беше фрлен во соблекувалната…

На крајот на краиштата, осум играчи на Бока беа однесени во полиција! На видеото се гледа како тие земаат ограда од микс-зоната и ги напаѓаат полицијата и обезбедувањето. Летаа и ананаси, а Маркос Рохо дури зел и апарат за гаснење пожар за да се „брани“. Претседателот на Атлетико Минеиро фрли шише со вода кон домашните играчи!

Натпреварот заврши 0:0, а хаосот настана по одлуката за поништување на голот на Бока, по ВАР.

Алетико Минеиро беше подобар во пенал серијата и тогаш започна сè …

Слични содржини