Тешко повреден кичевец, излетал од пат со „југо“

од Aleksandar Todeski

Вчера во 11.20 часот било пријавено дека во Кичево на ул.“Ужичка“ патничко моторно возило “југо“ со прилепски регистарски ознаки управувано од З.С.(60) од Кичево, излетало надвор од коловоот и се превртело, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил возачот по што бил пренесен во Медицинскиот центар Кичево за укажување на лекарска помош.

Од МВР посочуваат дека бил извршен увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Кичево.

Слични содржини