Тeтовирач обвинет за суровост кон животните, тетовирал куче

од desk3
79 прегледи

Тeтовирач е обвинет за суровост кон животните, откако интернет корисници реагираа со гнев кон шокантните слики, на кои се гледа неговото куче кое има 5 тетоважи, пренесе “Сан”. Бултериерот има тетоважи по носот, по ушичките и дури под очите, а најверојатен сторител е неговиот сопственик, Емерсон Дамасено.

image_5817598_126
Вознемирувачките слики прво се забележани од бразилски адвокат, но по последниот бран од лути коментари на корисници Дамасено ги брише сликите. Тој тврди дека го тетовирал кучето, бидејќи верува дека силата на тетоважите ќе го заштити кучето од рак. Во меѓувреме, сопственикот на животното добие заштита единствено од својата девојка, која тврди дека кучето е тетовирано по консултација со локалното ветеринарно училиште кое сепак негира каква било интервенција и ги осуди дејствијата на сопственикот. Различни ветеринари соопштија дека нема никакви бенефиции за кучето од тетовирањето, дури напротив тоа може да му предизвика сериозни проблеми.