Тежок пад на Линдзи Вон на стартот на Светското во Оре (видео)

од desk2
102 прегледи

Легендарната скијачка Линдзи Вон доживеа тежок пад во можеби последна трка во кариерата. 34-годишната Американка закачи врата и падна многу лошо, откако се удри во заштитните мрежи на почетокот на трката во супер-џи од Светскиот шампионат во алпско скијање во Оре (Шведска).

Вон изјави пред почетокот на шампионатот дека по завршувањето на Светското ќе се повлече од професионалниот спорт.

Вон, која има проблеми со повредите во последниве години, успеа да се исправи на нозе, но се уште не е јасно каква точно е нејзината состојба. Ветеранката се очекува да се натпреварува и во спуст, но по ова паѓање нејзиното учество е прашање