Тежок пат за Македонија: Ќе се соочиме со европскиот првак во баражот за Мундијалот

од Nikola Popovski
345 прегледи

Тешка ждрепка за нашите сениорски фудбалери на патот кон Мундијалот во Катар. Македонија го доби европскиот првак Италија во првиот бараж натпревар за Светското првенство е епилогот на денешната ждрепка.

Македонија ќе биде гостин во полуфиналната бараж средба и истата ќе се игра на 24 или 25 март, додека финалето е закажано за 28 или 29 март.

Доколку го победиме актуелниот европски првак, за место на мундијалот, ќе се соочиме со подобриот од дуелот Португалија-Турција.

Нашиот тим и да ги елиминира „аѕурите“ во полуфиналето и финалето ќе го игра на гостински терен.

Останатите бараж-натпревари се: Шкотска- Украина, Велс- Австрија, Русија- Полска и Шведска- Чешка

Слични содржини