„Тигрите“ лишиле од слобода вооружен скопјанец

од Nikola Popovski

На 02.08.2022 на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишиле од слобода Б.Ф.(36) од Скопје, затоа што околу 17:30 часот, по претходно недоразбирање во сообраќајот, физички го нападнал З.Т.(42) од Скопје, по што со уште едно лице го оштетиле и неговото возило „тојота аурис“, со скопски регистарски ознаки.

Полицијата информира дека Б.Ф. кај себе имал пиштол.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини