Тим од трета дивизија стави крај на сонот на Сити за 4 трофеи оваа сезона

од Vladimir Zorba

Третолигашот Виган сензационално го победи дома лидерот во Премиер лигата, Манчестер Сити со 1:0 и се пласираше во 1/4-финалето во ФА Купот на Англија.

Напаѓачот од Северна Ирска Вил Григ (79) го постигна победоносниот гол за третиот во Лига 1 по пас на Австралиецот Калум Елдер и стави крај на сонот на „граѓаните“ за освојување на четири трофеи оваа сезона.

Гостите го завршија натпреварот во намален состав, откако во дополнителното време на првиот дел, Фабијан Делф беше избркан со директен црвен картон.

Во 1/4-финалето, Виган ќе му гостува на Саутемптон.

Слични содржини