Победниците на Super Bowl за 2018 година играчите на Philadelphia Eagles наградени се со голем износ пари, но и со прстени.

Тоа е традиција која трае колку и Super Bowl, но со оглед на тоа дека телевизиската индустрија со време се разви и со тоа го промени профилот на самата игра која сега се смета за спектакл и големо случување, така се промени и дизајнот на прстените.
На пример, првиот прстен од 1967 година имал еден дијамант, лани пак имале дури 283. Кога се зборува за традиција на прстените, тоа е наследство на тренерот на Грин Беј Пакерс, Винс Ломбарди. Неговите играчи ги добиле првите прстени по победата над Канзас Сити Чифс во првиот натпревар одигран на 15 јануари 1967 гоинда.
Вакви прстени ги следат и другите спортови како кошарка, меѓутоа Super Bowl ја искористи приликата и ги персонализираше. Златарот Џостенс го направил логото на NFL na левата страна од прстенот а ја додал круаната од својот семеен грп на десната и испишани се хармонија и храброст со дијамант во средина.
Pittsburgh Steelers најмногу пати го освојувале Super Bowl, и освоиле најмногу прстени. Играчите на Патриотс Том Брејди и Чарлс Хејли се единствени кои пет пати освојувале прстени.
Доколку еден тим го освои Super Bowl пет години, големината и обликот на прстените растат. Лигата обезбедува 150 прстени и дава максимален надомест од 5.000 долари. Прстените се изработуваат од 10-каратно чисто злато, а први победници не можат да носта прстен што има повече од 150 дијаманти.

Една случка што ќе остане запамтена по натпреварот на Патриотс и Иглс во 2005 година, ќе остане запамтен. Имено, четири месеци подоцна, откако Патриотс ги победија Иглс, сопственикот на Патриотс Роберт Крафт му дозволил на претседателот на Русоја Владимир Путин да проба прстен со 124 дијаманти, кој чинаел 24.000 долари на состанок во палатата Константин во Санкт Петерсбург.
Откако го пробал, Путин прстенот го ставил во џеб, по што службениците на администрацијата на Буш го советувале Крафт да го сотави рускиот претседател да го задржи прстенот и да му каже дека тоа е подарок.