Тоа е прашање за надлежните органи, велат од Американската амбасада за барањето на Русковска

од Nikola Popovski

Американската амбасада смета дека барањето на шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска е прашање за надлежните органи и тие можат да го решат.

Од таму со соопштение посочуваат дека „Амбасадата на САД е вложена во унапредување на владеењето на правото во Северна Македонија“.

-Ги поддржуваме напорите на властите и на правосудството за обезбедување на транспарентност и отчетност кај институциите и внатре во нив, велат од американската амбасада преку соопштение.

Русковска ги повика сите надлежни институции во државата, меѓутоа и сите меѓународни институции и амбасади, пред се Амбасадата на САД и Канцеларијата на ЕУ да, како што вели, еднаш засекогаш се проверат сите факти и се расчисти кој во оваа држава се бори против криминалот, а кој го прави криминалот.

Русковска, исто така, бара и Европската обвинителка Лаура Ковеши, доколку е во можност да дојде и ги провери сите предмети на ОЈО ГОКК, откакако е таа на чело на обвинителството, со посебен осврт на предметите за Рашковски, Зекири и овој најновиот за Муареми.

Директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми денеска повторно ја повика јавната обвинителка Вилма Рускоска, доколку располага со сознанија и информации за сторен криминал, да ги докаже и на јавноста да и пласира обвинителен акт против него, а не празни и, како што вели, неосновани сознанија и информации, дискредитиријаќи ја во целост функцијата која ја извршува.

Слични содржини