„Тој е диктатор“: Остра реакција на Кина поради изјава на Бајден за Си

од Stefanija Kuzmanovska

Министерството за надворешни работи на Кина го изрази својот протест поради изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден дека кинескиот лидер Си Џинпинг е диктатор.

Како што истакнаа во Пекинг, ваквите изјави се крајно неодговорни и претставуваат провокација.

„Изјавите на американската страна се крајно апсурдни, неодговорни, се контрадикторни со фактите, сериозно го нарушуваат дипломатскиот бонтон, претставуваат сериозен напад на политичкото достоинство и се отворена политичка провокација“, посочи претставникот на министерството за надворешни работи на Кина, Мао Нинг.

Американскиот претседател Џозеф Бајден го нарече кинескиот лидер Си Џинпинг „диктатор“, еден ден откако државниот секретар Ентони Блинкен го посети Пекинг во обид да ги стабилизира билатералните односи со Кина.

Иако Блинкен рече во Пекинг дека поглавјето за наводниот кинески шпионски балон треба да се затвори, Бајден даде личен коментар во вторникот, велејќи дека Си бил длабоко посрамотен кога балонот бил уништен над американска почва.

Слични содржини