Токио: 5.000 новозаразени со коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Олимписко Токио во четвртокот потврди повеќе од 5.000 луѓе заразени со коронавирус поради брзото ширење на делта варијантата на вирусот, па експертите стравуваат дека здравствениот систем наскоро би можел да пропадне.

Новозаразените, од нив 5.042, се нов рекорд за тој град. Научниците стравуваат дека дневниот број на заразени може да се удвои во следните две недели.

Во болниците се примаат само сериозно болни лица.

Делта-сојот е „многу силен непријател“, рече гувернерот на Токио, Јурико Коике.

Владата размислува да воведе полициски час за да го спречи ширењето на инфекцијата.

На граѓаните им се советува да останат дома.

Во Токио е прогласена вонредна состојба, која треба да остане во сила до 31 август. Затоа, рестораните и баровите мора да бидат затворени порано и не смеат да служат алкохол.

Организаторите на Олимписките игри во четвртокот регистрираа 31 новозаразени, кои се поврзани со игрите, што е најмногу досега. Меѓу нив е и еден спортист.

Слични содржини