Токио: До 20.000 гледачи на отворањето на Игрите

од Nikola Popovski

Организаторите на Летните олимписки игри во Токио размислуваат да дозволат до 20.000 гледачи да присуствуваат на отворањето на 32. олимпијада, што започнува на 23 јули.

Бројот од 20.000 гледачи на церемонијата на отворање вклучува посетители кои купиле билети и претставници на Олимпијадата, дознава агенцијата Кјодо од сигурни извори блиски до организаторите.

Владата на Јапонија објави дека ќе одобри собири на најмногу 10.000 луѓе во делови од земјата кои не се погодени од вирусот корона или под итни мерки, но под услов бројот да не надминува 50 проценти од просторот каде што се одржуваат спортски игри или концерти.

За церемонијата на отворање на Олимписките игри, организаторите се очекува да обезбедат дополнителни места за официјални лица поврзани со Игрите, изјавија извори на Кјодо и најавија дека утре ќе се одржи видео состанок на јапонските владини претставници, градските власти во Токио и Меѓународниот олимписки комитет .

Летните олимписки игри ќе се одржат од 23 јули до 8 август.

Слични содржини