Топ 10 најскандалозните модни кампањи

од Vladimir Zorba
93 прегледи

Провокацијата како основен елемент.

Модната и рекламната индустрија дефинитивно имаат различни стандарди и потфати за привлекување на публиката.
Кога двете се комбинираат сепак, понекогаш резултатите можат да бидат благо речено скандалозни.
Желбата да освојуваат, продаваат и да привлечат внимание доведе многу од модните брендови да го следата патот на скандалот.
Методите се движат од секс до насилство во социјални коментари – сè што е потребно за привлекување на одреден производ.

Ви ги претставуваме топ 10-те на најскандалозние рекламни кампањи во модата:

1. Тексас и голотија

Продолжувајќи со тактиката за провокација -на иконски кадри за кампањите на Calvin Klein за тексас, дизајнерот Александер Ванг нуди исто толку импресивни визии во 2014. Проектот е со учество на Ана Еверс и насочува кон полемика за голотијата на рекламите. “Тоа не е испровоцирана само во рамките на сексапилноста, но и провокација за разговор … Не диктираат што е оваа порака. Најинтересен дел е да видиш како луѓето го интерпретираат и што имаат да кажат за тоа. Се разбира, ќе има луѓе кои нема да се согласат. ”

2. Модна зависност

Многу често гледаме провокацијата како основна линија за рекламни кампањи. Се разбира, таа го дели првото место со зачинети расистички пораки и шпекулира со зависностите. Во 2007 година видовме амбициозниот проект “Fashion Junkie”, кој скандализираа генерации .

3. Тери Ричардсон

Легендарниот фотограф е особено популарен со вештини зад објективот …. и не само тоас. Едни од најскандалозните рекламните кампањи се токму негово дело, а во нашата листа влегува со проект од 2010, на кој главен фокус треба да бидат додатоците.

4. Четворка

Некои ја нарекоа оваа кампања вешто ракување со неколку работи одеднаш, други ја осудија како невкусни сексизам. Независно од тоа, оваа кампања на Diesel од 2007 поттикна феминистички групи да се обединат за да ја забранат рекламата поради цулгарен вкус и дрзок шовинизам.

5. G-точката

Том Форд и Марио Тестино ја претворија својата креативност за рекламната кампања на Gucci за 2003 година во дива визија, која го носеше името “Pubic Enemy”. Еден од скандалозните снимки презентира жена со интимна фризура со монограм “G”. Кампањата беше дефинирана како “подла, груба и понижувачка за жените”.

6. “Сменете го стилот – не следете својот водач”

Италијанска марка успеа да предизвика вистински скандал кога одлучија да “удрат шлаканица” на еден од криминалните негативци во историјата, Адолф Хитлер, во еден од нивните кадри за 2010 година. Над 5 метри направениот постер го отслика фирерот во розова униформа со лента на раката врз која има срце, наместо свастика. Слоганот “Сменете го стилот – не следете го својот водач”. Рекламата ги налути многу италијански државјани и по тој повод советникот Росарио Филорамо даде изјава: “Употребата на слики на лице одговорно за најлошите поглавја од историјата во минатиот век е навредливо за конституционална принципи на нашата земја и чувствителноста на граѓаните.”

7. Само за мажи

Снимена од легендарниот провокатор зад објективот Тери Ричардсон, кампањата за 2007 година на Tom Ford го промовира првиот машки мирис на начин на кој најлесно се материјализира поговорката дека сексот продава. Многу коментиран како “порнографски” пристап, кадрите беа забранети во неколку земји.

8. Модно дуо

Од Dolce & Gabbana дефинитивно го кренаа степенот со рекламната кампања во која Алесандра Амброзини е “врзана” на земјата, а мажи, голи до половината, се наредиле околу неа. Кампањата е забранета во Шпанија, а Националниот организација на жените сметаште дека кампањата “надвор е навредлива со сцена која потсетува на групно силување и потсетуваше на насилство врз жените”.

9. Пиштол

Она што изгледа како сцена од гангстерски филм, всушност е рекламна кампања. Кадрите беа забранети од неколку публикации поради поплаки, се тврдешел дека “прикажување на дело со огнено оружје е веројатно да се разгледа како начин за оправдување на реално насилство”.

10. “Хулахопки”

Псевдопорнографските кампањи на American Apparel станаа нешто како легенда за модната индустрија. Архивите чуваат огромен спектар на проекти, но посветуваме за овој, тематски проект “Tights”.