Грците го соборија европскиот рекорд за жега во изминатите денови. Во Ираклио термометрите покажаа 45.9 степени Целзиусови, пишуваат грчките медиуми.

Времето кај јужните ни сосед во изминатиот дена беше прежешко. Во текот на викендот четири станици известуваа за температури над 44 степени целзиусови. Како во Македонија , така и во Грција, сепак, од утринава се забележа остар пад на температурите.
Во Грција сега падна на 10 степени и тоа драатично постудено понеделничко утро од претходните денови
Поради горештини во Ираклио тројца возрасни беа примени во болница. Властите го предупредија локалното население да се чува од жештина и да го ограничи престојот надвор од сообраќајниот метеж.
Денес во десет во повеќе области се прогнозираат обилни врнежи и грмотевици .

Времето ќе биде променливо облачно и свежо со засилен северен ветер и повремени локални врнежи од дожд кон пладне и со појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престануваат. УВ-индексот ќе изнесува 6. Минималната температура ќе се движи од 13 до 20 степени, а максималната од 21 до 29 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и посвежо со засилен северен ветер и повремени локални врнежи од дожд. Попладне врнежите ќе престануваат. Температурата ќе се движи од 18 до 25 степени.
Во вторник се уште ќе дува повремено засилен северен ветер, а ќе започне период на стабилно време со постепено покачување на температурата. За следниот викенд ќе има изгледи за нови врнежи и нестабилност.