Тотенхем ја предводеше коалицијата против купувањето на Њукасл

од Vladimir Zorba

Њукасл е во рацете на сопствениците од Саудиска Арабија од пред два дена, но случувањата не беа лесни за секого.

Особено не за ривалите од Премиер лигата, кои сега ќе гледаат на север од Англија, каде што се наоѓа клубот со најбогатите сопственици.

Купувањето вредно 305 милиони фунти доби зелено светло од челниците на Премиер лигата, но се не помина така глатко.

Според медиумите на Островот, постоела силна коалиција на клубови кои барале челниците на натпреварувањето да не го одобрат купувањето.

Најгласен бил лидерот на Тотенхем, Даниел Леви, кој беше главниот што лобираше против. Имаше силна поддршка од Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Неофицијално, беше кажано дека 19 клуба побарале итен состанок на кој сакале да добијат одговор од челниците на Лигата зошто е потпишана лиценцата за купување на Њукасл.

Во меѓувреме, новата администрација на чело со Аманда Стајвли започна да работи со цел да го трансформира клубот од „Сент Џејмс Парк“ според неговите визии во најкус можен рок.

Желбата е да се создаде најдобриот тим во Премиер лигата, а со оглед на парите што ги имаат сега, можеби нема да им биде толку тешко.

Слични содржини