Тотенхем повторно врти поглед кон ПСЖ во текот на летото

од Vladimir Zorba

Тотенхем е заинтересиран за левиот бек на ПСЖ, Лејвин Курзава. Тимот од северен Лондон се подготвува за продажба на англискиот репрезентативец Дани Роуз, кој го помина поголемиот дел од сезоната во амбулантата, а неговиот заменик Бен Дејвис, кој е репрезентативец на Велс, импресионира со настапите.

Слична „операција“, Маурисио Почетино одржа минатото лето, кога се раздели со Кајл Вокер, продаден на Манчестер Сити, а кај „петлите“ беше привлечен Серж Орие – повторно од тимот од француската престолнина.

Во зима, бразилското крило Лукас Мора пристигна од ПСЖ во Лондон.

Интерес за Курзава исто така има од Челзи, кој минатото лето се размина со трансфер на Алекс Сандро, како и од Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ најверојатно ќе се разделат со Лук Шо и Дејли Блинд и ќе бараат зголемување на конкуренцијата на лево крило.

Слични содржини