Се ближи 9 август, датум кога во селото Бигла се одржува семејната слава кај Васеви, наречена Црвенџиска средба, средба што е една од ретките која веќе 11 години по ред ги собира, роднините од Црвенџиско маало, пријателите и гостите намерници на заедничка дружба во село Бигла. Семејството прекарот го добилл по бабата на Васев која била позната по тоа кога играла на веселби се црвенеела во лицето и така останал зборот Црвенџии.
