Трагедија во Канада: Автобус удри во градинка, има и жртви

од Radmila Tasevska

Две деца загинаа, а шест се повредени денес кога автобус удри во градинка во предградието на Монтреал.

Возачот на автобусот, 51-годишен вработен во јавниот превоз во предградието Лавал во Монтреал, е уапсен поради убиство од небрежност и несовесно возење, изјави портпаролот на полицијата.

Досега немал криминално досие, додаде тој.

Шест повредени деца се пренесени во болница и нивните повреди не се опасни по живот.

Во градинката посетуваа околу 80 деца до 5 години.

Канадскиот премиер Џастин Трудо, како и премиерот на Квебек, Франсоа Лего, изразија сочувство до семејствата по инцидентот.

Лавал се наоѓа на околу 30 километри северозападно од Монтреал во провинцијата Квебек.

Слични содржини