Трагедија кај Неготино: Воз прегази маж

од Nikola Popovski

Трагична несреќа кај железничката станица Неготино откако воз прегазил маж, информираат од МВР.

Вчера во 02.00 часот пријавено е дека товарен воз кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија на потегот од железничката станица Неготино кон железничката станица Дуброва удрил во Р.У.(64) од Неготино, кој се движел пеш по пругата. Р.У. починал на местото на настанот.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местотото на настанот извршила екипа од ОВР-Неготино.

Слични содржини