Трагедија на Халкидики: Српски државјанин почина на плажа

од Nikola Popovski

Српски државјанин (48) починал вчера во морето на плажата Неос Мармарас на Халкидики, јавува грчкиот портал Вориа.

Како што се додава во извештајот, сопругата го извлекла од водата.

Се наведува дека мажот бил пренесен во Здравствениот дом Агиос Николаос, каде е констатирана смрт, а телото треба да биде пренесено во Лабораторија за судска медицина за обдукција.

Прелиминарната истрага ја спроведува Третиот пристанишен оддел на префектурата Мармара, пристанишната управа Јерисос, се заклучува во текстот на Вориа.

Претходно во Никита, на Ситонија, српски државјанин доживеал срцев удар додека си играл во вода со семејството.

Слични содржини