Трагедија во Хрватска: Докторка која работела со ковид-пациенти, извршила самоубиство

од Nikola Popovski

Докторка од Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Хрватска, кој бил во тимот што во февруари го прими првиот пациент заразен со Ковид-19 во таа болница, си го одзела животот во ноќта помеѓу неделата и понеделникот. Веста за Индекс.хр ја потврдила и управителката на болницата, Алемка Маркотиќ.

„Во текот на ноќта на 29-30 ноември почина нашата колешка, одлична личност и експерт, вреден член на нашиот тим. Немаме официјални информации за причините за смртта. Ве молиме почитувајте ги чувствата на сите колеги и вработени на Клиниката и семејството на починатиот, и да не користите непроверени информации и шпекулации“, стои во одговорот на Алемка Маркотиќ за Индекс.

Новинарите на „Индекс.хр“ разговарале и со проф. д-р Адријана Винс која работела со починатата лекарка. Д-р Винс е длабоко потресена од оваа вест.

„Ние сме ужасно потресени, таа беше мојот најблизок соработник, ми беше како ќерка. Работеше многу, имаше зафатен распоред како и сите нас, ситуацијата е особено тешка, работиме со ковид- пациенти од февруари, нејзината смрт ме погоди силно “, изјавила д-р. Винс.

Бројни колеги се збогуваат со починатиот лекар на социјалните мрежи.

Слични содржини