Трамп: 100.000 луѓе умираат од грип и покрај вакцината

од Vladimir Zorba

Откако ја напушти болницата по тридневниот третман и се врати во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп продолжи да испраќа контроверзни пораки, што ги разбесни здравствените работници.

„Секоја година, многу луѓе, понекогаш повеќе од 100.000, умираат од грип и покрај фактот дека има вакцина, па дали треба да ја затвориме земјата поради тоа? Не, научивме да живееме со тоа, како што научивме да живееме со Ковид, што е многу помалку смртоносно кај мнозинството од населението“, објави на Твитер денес Трамп.

Од социјалната мрежа веднаш одговорија на објавата со предупредување дека содржи потенцијално погрешни информации и го оневозможи повторното објавување на Твитер ретвитување). Фејсбук претходно отстрани слична објава на Трамп, која дотогаш беше споделена околу 26.000 пати, пренесува Ројтерс.

Според официјалните податоци на американските здравствени власти, околу 22 000 лица починале од грип минатата зима.

„Не дозволувајте короната да го контролира вашиот живот. Не плашете се. Излезете и бидете внимателни. „Подобар сум и можеби сум имун“, рече Трамп на видеото по враќањето во Белата куќа, опкружен со американски знамиња.

„Бев шокиран кога тој рече дека не треба да се плашиме од Ковид. Тоа е болест која убива околу 1.000 луѓе на ден во Америка, што ја „потопи“ економијата и ги остави луѓето без работа. Тоа е вирус кој треба да се почитува и од кој треба да се плаши“, рече Вилијам Шефнер, професор по медицина и заразни болести на медицинскиот центар на универзитетот Вандербилт во Нешвил.

Трамп не реагира на бројните критики, но се опиша себе си како човек кој ја надминал болеста и станал посилен поради тоа.

„Ако претседателот се врати во кампањата, тој ќе биде непобедлив херој, кој не само што ги преживеа сите валкани трикови на демократите, туку и кинескиот вирус“, напиша тој на Твитер.

Слични содржини