Трамп го најави своето учество во предизборната телевизиска дебата следната недела

од Vladimir Zorba

Американскиот претседател Доналд Трамп денес објави дека ќе присуствува на телевизиска дебата со противникот Џо Бајден на 15 октомври.

Трамп синоќа беше отпуштен од болница во Мериленд и третманот за инфекција со КОВИД-19 продолжува во Белата куќа.

Лекарите денес рекоа дека Трамп се чувствува добро и ќе добие петта доза на лекот ремдесивир.

Трамп на Твитер напиша дека се чувствува фантастично.

„Со нетрпение ја очекувам дебатата што ќе се одржи во Мајами во четврток, на 15 октомври, со директен телевизиски пренос. Ќе биде многу добро“, рече Трамп.

Во друга порака на Твитер, Трамп рече дека се ближи сезоната на грип, која и покрај вакцинацијата, убива до 100.000 луѓе годишно.

„Дали поради тоа ја ставаме земјата во карантин? Не, научивме да живееме со неа, а сега учиме да живееме и со КОВИД-19“, рече Трамп.

Слични содржини