Трамп нема да учествува на втората дебата: Овој формат е неприфатлив

од Nikola Popovski

Втората дебата меѓу американските претседателски кандидати Доналд Трамп и Џо Бајден треба да биде виртуелна, соопштила денеска Комисијата за претседателски дебати.

Сепак, Трамп најави дека нема да учествува во неа, бидејќи според него предложениот формат е неприфатлив.

„Нема да бидам дел од виртуелна дебата“, рекол тој.

Доколку дојде до некаква промена, втората дебата е закажана за 15 октомври, а ќе ја води Стив Скали, извршен продуцент и политички уредник во „C-Span Networks“.

Слични содржини