Трамп се обидува да дозволи пристап на деца до топ-тајни информации

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Екипата на новоизбраниот претседател поднела барање на Белата куќа да ги испита можностите за обезбедување на пристап на  топ-тајна информации на неговите деца. За таа цел неговите деца треба да бидат назначени од оваа администрација како советници за национална безбедност на татка си.5162345

Покрај тоа, тие ќе треба да го  пополнат прашалникот за безбедност SF-86 и да поминат низ детална проверка на знаењето. Во принцип правилата на непотизмот им забрануваат на децата на претседателот да заземаат позиции во Белата куќа, но тие не се обврзани и да се државни службеници, за да добијат пристап до таков вид информации. Минатата недела децата на Трамп – Иванка, Ерик и Доналд Џ., Како и зет му Џаред Кшнер станаа дел од негпвиот  преоден  тим. Пред тоа сите деца на милијардерот беа изјавиле дека нема да прифатат да бидат  на клучни позиции во владата.