85
Претседателот на САД, Доналд Трамп соопшти дека САД ќе ја стави Северна Кореја на листата земји на Стејт Департментот кои го поддржуваат тероризмот.
Трамп рече дека на Северна Кореја ќе и бидат наметнати уште санкции, тврдејќи дека Пјонгјанг одамна требал да се најде на листата и дека ова е дел од кампањата за „максимален притисок“ кон таа држава.
Моментално на оваа листа се наоѓаат Иран, Судан и Сирија.
-Покрај тоа што му се заканува на светот со нуклеарно уништување, Северна Кореја во повеќе прилики ги поддржа чиновите на меѓународен тероризам, вклучувајќи и атентати на странска територија – додаде Трамп.