Трамп: Тешко е да се победи во војна без да се нападне земјата на агресорот

од desk2
15 прегледи

Претседателот на САД, Доналд Трамп на платформата „Трут соушл“ (Truth Social) денеска објави дека е „многу тешко, ако не и невозможно, да се победи во војна без да се нападне земјата на агресорот … Исто е со Украина и Русија“.

Тој во објавата го обвинува поранешниот американски претседател Џо Бајден дека не и дозволил на Украина да и возврати на Русија, туку само да се брани.

Трамп тврди дека ако тој бил претседател „никогаш немало да има војна“ помеѓу Русија и Украина.

На неодамнешната средба на Алјаска помеѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин не е договорен прекин на непријателствата.

Tрамп велии дека сè уште верува во мировен договор, но ако Украина се согласи на територијални отстапки, што Киев go одби. Потоа во Вашингтон уследи средба на Трамп со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, лидерите на Европска Унија и генералниот секретар на НАТО.

Слични содржини