Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, реагирајќи на неодамнешните изјави поради неговата возраст и на вербалните напади на Ники Хејли, ривалка во трката за претседателска номинација на Републиканската партија, изјави дека се чувствува „поостро“ отколку пред 20 години.
Трамп, исто така, рече дека претседателските кандидати треба да подлежат на тест за когнитивните способности, очигледно реагирајќи на изјавите на Хејли, која за време на нејзината кампања укажуваше на возраста на Трамп (77) и Бајден (81), пренесува Ројтерс.
Во последните денови Хејли го обвини Трамп, поранешниот американски претседател и нејзиниот републикански противник, дека е збунет и ја доведува во прашање неговата способност да биде претседател на негова возраст.