Тренерот на Милан жали што нема да има навивачи на стадионот, целиот тим доаѓа во Белград

од Stefanija Kuzmanovska

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли денес изјави дека неговиот тим влегува во решавачки период во сезоната, поради што тој сака да добро да одигра на претстојниот натпревар против Црвена Звезда во Лигата на Европа и најави дека сите играчи ќе пристигнат во Белград, заедно со Златан Ибрахимовиќ.

„Мора да го посветиме целото внимание на Црвена звезда. Среќни сме што играме во Европа. Тимот мора да чувствува сензација, радост и ентузијазам. Ние сакаме да бидеме изненадување на ова натпреварување“, рече Пиоли на прес-конференцијата, пренесоа италијанските медиуми.

Фудбалерите на Милан го играат првиот натпревар од шеснаесеттото финале во Лигата на Европа во четврток од 18:55 часот во Белград на стадионот „Рајко Митиќ“ против Црвена звезда.

„Задоволни сме од нашиот пат и мора да останеме скромни, но и да бидеме свесни за нашите можности. Започнува интензивен период, одлучувајќи за шампионатот и Лигата на Европа. Мораме да се обидеме да дадеме се од себе, почнувајќи од утре“, рече Пиоли.

Пиоли рече дека и Златан Ибрахимовиќ ќе допатува во Белград.

„Златан беше поканет, целиот тим ќе дојде во Белград. Жал ни е што нема да има публика на трибините. Фудбалот е создаден за навивачите, ентузијазам и страст. Тоа би ѝ помогнало на Звезда, но и на нас. Жал ни е што нема да има навивачи“, наведе Пиоли.

Слични содржини