Тренерот на Монако: ПСЖ е повеќе од Нејмар

од Vladimir Zorba

Tренерот на Монако, Леонардо Жардим ги сподели своите очекувања од финалниот натпревар во Лига Купот против Пари Сен Жермен. Стратегот е на мислење дека суперѕвездата Нејмар не е единствената опасност во тимот на ПСЖ.

„На сите им е познато дека Нејмар е многу добар фудбалер, но во Париз има многу други играчи од висока класа. На пример, Ди Марија и Дракслер. ПСЖ е нешто повеќе отколку еден фудбалер“.

„Треба да се води сметка и за Кавани, Мбапе, Алвеш. Дефинитивно сме фокусирани на претстојниот дуел. Им верувам на моите играчи и чувствувам целосна доверба во нив“, рече Жардим.

Дуелот помеѓу Монако и ПСЖ вечерва на стадионот „Матмут Атлантик“ во Бордо ќе започне во 21:05 часот.

Слични содржини